Облека
Еко грижа и совршена свежина за секојдневни, деловни и свечени парчиња – од кошули и фустани до капути и венчаници.
Цена: од 100 ден.
Еко перење со роботска прецизност
Совршена чистота со грижа за ткаенините и природата користејќи Wet-cleaning технологија. Во Eco Laundry House секое парче облека добива професионален третман со најнова технологија и природни еко формули.
Без хемикалии, без компромиси - само свежина, чистота и стил.

За нас
Во Eco Laundry House веруваме дека чистотата не треба да доаѓа на сметка на природата.
Нашата мисија е да ја комбинираме технологијата со еколошките принципи – нудејќи услуга која ја штити и вашата облека и планетата.
Со користење на иновативна wet-cleaning технологија и роботско финиширање, обезбедуваме совршено чисти, свежи и уредно спакувани алишта за само неколку дена. Секој материјал добива индивидуален третман, а секој клиент — внимание какво заслужува.
- Перење, сушење и уредно пакување
- Нега на чувствителни ткаенини (свила, кашмир, волна и сл.)
- Чистење ќебиња, јоргани, постелнини
- Професионално пеглање
- Перење на свечени и деловни парчиња (фустани, кошули, костуми)
- Специјализирано чистење на венчаници
- Специјализирано чистње на јакни со пердуви
Чистота, технологија и грижа - чекор по чекор
1| Преземање
Доаѓате во нашите простории каде што со внимание ги преземаме вашите алишта, ги евидентираме едно по едно и ги категоризираме според материјал, тип и потребен третман.
Секое парче добива свој код и ознака за следење, за да обезбедиме целосна прецизност и сигурност при секоја фаза од процесот на чистење.
2| Еко перење
Во Laundry House користиме природни, биоразградливи средства кои се нежни кон ткаенините, но исклучително ефикасни против дамки, бактерии и нечистотии. Пред перење секо парче поминува низ индивидуален процес на проверка и чистење.
Нашите современи машини со прецизна контрола на температура и дози овозможуваат совршено чистење без агресивни хемикалии – грижа и за материјалот и за природата.
3| Роботско прецизно пеглање
Совршенството во секој детал започнува со технологија. Нашиот робот Battistella Pegaso овозможува рамномерно и прецизно пеглање без човечка грешка – секоја кошула, сако или капути добиваат беспрекорна форма и изглед.
Со автоматска контрола на температурата и притисокот, пеглањето е безбедно и ефикасно дури и за најчувствителните ткаенини. Резултатот – совршено мазна облека, подготвена да блеска веднаш по завршувањето.
4| Пакување
По сушење и внимателно пеглање, секое парче облека се спакува уредно и заштитено – подготвено за веднаш да се облече. Секој клиент добива известување кога неговите алишта се подготвени за преземање.
Нашиот тим обрнува внимание на секој детал: од чисти и свежи материјали до беспрекорно пакување што ја задржува свежината и формата на облеката до моментот на подигнување.
Собравме неколку од најчестите прашања што ги добиваме од нашите клиенти – за да ви помогнеме побрзо и полесно да ја разберете нашата еко услуга. Доколку не го најдете одговорот што го барате, слободно контактирајте нè - нашиот тим секогаш е тука за вас.
Јавете ни сеНе. Во Eco Laundry House се користи иновативна wet-cleaning технологија и природни еко средства кои не содржат перхлоретилен, фосфати или други штетни хемикалии. Вашата облека останува чиста, мека и безбедна за кожата и природата.
Стандардниот рок е 2–3 дена, во зависност од количината и видот на ткаенината. За итни случаи нудиме брза услуга со приоритетна обработка.
Не е задолжително но можете да закажете директно на нашиот телефонски број +389 75 432 105 или преку нашава веб-страницата или преку нашите социјални мрежи.
Да. Нашиот систем е прилагоден и за најчувствителните ткаенини. Температурата и циклусот се автоматски прилагодуваат за секој материјал, за да се зачува неговата структура и мекост.
Во моментов нашата перална е физички лоцирана и работи во Струмица и околината (до 50 км).
Соработуваме со брзи пошти преку кои можете да ни испратите пакет со потребно за третман, ние да го испроцесираме и да Ви го доставиме назад по брза пошта.
Така, каде и да живеете во Македонија, нашата услуга Ви е достапна и можете да ја користите.