Првата еко перална со роботско финиширање во Македонија

Еко перење со роботска прецизност

Совршена чистота со грижа за ткаенините и природата користејќи Wet-cleaning технологија. Во Eco Laundry House секое парче облека добива професионален третман со најнова технологија и природни еко формули.
Без хемикалии, без компромиси - само свежина, чистота и стил.

Брендинг лого на ѕид

Еко. Совршено. Совесно.

За нас

Во Eco Laundry House веруваме дека чистотата не треба да доаѓа на сметка на природата. Нашата мисија е да ја комбинираме технологијата со еколошките принципи – нудејќи услуга која ја штити и вашата облека и планетата.

Со користење на иновативна wet-cleaning технологија и роботско финиширање, обезбедуваме совршено чисти, свежи и уредно спакувани алишта за само неколку дена. Секој материјал добива индивидуален третман, а секој клиент — внимание какво заслужува.

Услуги

- Перење, сушење и уредно пакување
- Нега на чувствителни ткаенини (свила, кашмир, волна и сл.)
- Чистење ќебиња, јоргани, постелнини
- Професионално пеглање
- Перење на свечени и деловни парчиња (фустани, кошули, костуми)
- Специјализирано чистење на венчаници
- Специјализирано чистње на јакни со пердуви

Чистота, технологија и грижа - чекор по чекор

Како функционираме

1| Преземање

Доаѓате во нашите простории каде што со внимание ги преземаме вашите алишта, ги евидентираме едно по едно и ги категоризираме според материјал, тип и потребен третман.

Секое парче добива свој код и ознака за следење, за да обезбедиме целосна прецизност и сигурност при секоја фаза од процесот на чистење.

2| Еко перење

Во Laundry House користиме природни, биоразградливи средства кои се нежни кон ткаенините, но исклучително ефикасни против дамки, бактерии и нечистотии. Пред перење секо парче поминува низ индивидуален процес на проверка и чистење.

Нашите современи машини со прецизна контрола на температура и дози овозможуваат совршено чистење без агресивни хемикалии – грижа и за материјалот и за природата.

3| Роботско прецизно пеглање

Совршенството во секој детал започнува со технологија. Нашиот робот Battistella Pegaso овозможува рамномерно и прецизно пеглање без човечка грешка – секоја кошула, сако или капути добиваат беспрекорна форма и изглед.

Со автоматска контрола на температурата и притисокот, пеглањето е безбедно и ефикасно дури и за најчувствителните ткаенини. Резултатот – совршено мазна облека, подготвена да блеска веднаш по завршувањето.

4| Пакување

По сушење и внимателно пеглање, секое парче облека се спакува уредно и заштитено – подготвено за веднаш да се облече. Секој клиент добива известување кога неговите алишта се подготвени за преземање.

Нашиот тим обрнува внимание на секој детал: од чисти и свежи материјали до беспрекорно пакување што ја задржува свежината и формата на облеката до моментот на подигнување.

Battistella Pegaso - робот за пеглање од најнова генерација

Енергетски ефикасен, прецизен и целосно еко-безбеден.

Во Eco Laundry House користиме иновативна wet-cleaning технологија, која овозможува совршено чистење без употреба на перхлоретилен и други штетни хемикалии.
Секоја фаза е автоматизирана - од перењето до пеглањето - за да се зачуваат структурата, мекоста и обликот на ткаенините.

Нашата технологија обезбедува:
• Природна чистота - биоразградливи еко средства.
• Контролирана температура - без ризик од оштетување.
• Целосна безбедност за луѓето и природата.
• Стерилизација - елиминирање на бактерии и непријатни мириси.
прегледување на артикли за работа
Означување на артикли
Рачно пеглање
Третирање
Третирање на дамки
третирање на дамки
Машини за работа
Машини за перење
Машини за третирање дамки
Внатрешност на објектот
Роботско пегање на капути
Пеглање на капут со роботска машина
Пеглање на капути
Роботско пеглање
Машина робот за пеглање
Роботско пеглање кошула
Пеглање на кошула роботски
Дел од процес на роботско пеглање
Процес на роботско пеглање
Роботско пеглање процес
Роботско пеглање
Автоматска пакувалка
Готови производи
Испеглани кошули
Внатрешност на објектот
Внатрешност на објектот
Изтретирани капути
Испрани алишта
Средени алишта, етикета
Навлаки брендирани
Етикети брендирани

Клиентите нè оценија

Ценовник & Контакт

Облека

Еко грижа и совршена свежина за секојдневни, деловни и свечени парчиња – од кошули и фустани до капути и венчаници.
Цена: од 100 ден.

Домашен текстил

Професионална нега за јоргани, ќебиња и чаршафи – чисти, меки и со природна свежина што трае.
Цена: од 250 ден.

Специјални артикли

Ексклузивна заштита за најчувствителни материјали – кожа, волна, кашмир и деликатни парчиња.
Цена: од 500 ден.

Додатоци и дополнителни артикли

Совршен финиш со третман на дамки, пакување и експрес услуги – детали што прават разлика.
Цена: од 200 ден.

Прашајте и побарајте цена

Испратете ни слика и краток опис на парчињата кои би сакале да бидат третирани од нашиот сервис.

Преку овој формулар имате можност и да прикачите слика како би можеле да имаме појасна претстава и да Ви дадеме проценка за цена и потребно време за исполнување на нашата услуга.

Најчести прашања и одговори

Собравме неколку од најчестите прашања што ги добиваме од нашите клиенти – за да ви помогнеме побрзо и полесно да ја разберете нашата еко услуга. Доколку не го најдете одговорот што го барате, слободно контактирајте нè - нашиот тим секогаш е тука за вас.

Јавете ни се

Не. Во Eco Laundry House се користи иновативна wet-cleaning технологија и природни еко средства кои не содржат перхлоретилен, фосфати или други штетни хемикалии. Вашата облека останува чиста, мека и безбедна за кожата и природата.

Стандардниот рок е 2–3 дена, во зависност од количината и видот на ткаенината. За итни случаи нудиме брза услуга со приоритетна обработка.

Не е задолжително но можете да закажете директно на нашиот телефонски број +389 75 432 105 или преку нашава веб-страницата или преку нашите социјални мрежи. 

Да. Нашиот систем е прилагоден и за најчувствителните ткаенини. Температурата и циклусот се автоматски прилагодуваат за секој материјал, за да се зачува неговата структура и мекост.

Во моментов нашата перална е физички лоцирана и работи во Струмица и околината (до 50 км).

Соработуваме со брзи пошти преку кои можете да ни испратите пакет со потребно за третман, ние да го испроцесираме и да Ви го доставиме назад по брза пошта.

Така, каде и да живеете во Македонија, нашата услуга Ви е достапна и можете да ја користите.

Artboard 1
ПРЕГЛЕД НА ПРИВАТНОСТА

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да Ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции кои ќе ве Ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата Ви се најинтересни и корисни.